Пролетна вегетаријанска супа со песто
27/03/2017

Една порција од оваа супа ја заменува дневната потребна количина за зеленчук за организмот.

Сварете го гравот и оставете го да се излади. Откако ќе се исцеди вратете го во тенџерето со 2 литри ладна вода. Додадете ги ловоровиот лист и мајчината душица и оставете ги да се варат на средна температура 2 часа.

Додадете праз, моркови, компири, домати, супа и 2 чаши вода. Оставете да врие, делумно покриени, додека зрната не омекнат, околу 30 минути до 1 час.

Направете песто: Ситно исечкајте лук во блендер. Додадете босилек, Битолско сирење и масло. Измешајте додека се соедини.

Во тенџерето додадете грашак, боранија и тиквички. Гответе во непокриено тенџере 20 минути. Додадете грашок и варете додека не омекне, 5 до 10 минути. Зачинете со сол и црн пипер.

Наздравје 🙂