Салата со свеж грашок и ротквици
26/01/2017

Зошто да не ја донесете пролетта порано во вашата кујна?

Оваа лесна и вкусна салата ќе ви го заскокотка сетилото за вкус и е вкусна колку што е убава на изглед.

Фотографијата е преземена од Taste.com.au

Состојки:
  • 500 грама свеж грашок
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 1 супена лажица свежо исцеден лимонов сок
  • 1 супена лажица бел вински оцет
  • 1/2 кафена лажичка мешавина од мелен бибер и кора од лимон
  • Неколку ротквици, тенко исечени
  • 1/2 шолја Битолско кравјо сирење (изронето)
  • 2 супени лажици исечкано свежо нане
15
мин.
Припрема:
1. Наполнете еден голем сад со ладна вода и мраз до половина и тргнете го настрана. Зовријте солена вода, додадете го грашокот и гответе околу 2 минути. Исцедете го сварениот грашок и ставете го во садот со ладната вода. 2. Во мал сад, измешајте го маслиновото масло, лимоновиот сок, оцетот и мешавината од бибер и кора од лимон. 3. Измешајте го сварениот грашок, ротквиците, Битолското кравјо сирење и нането во еден голем сад. Додадете го преливот од зачини и послужете.