n Што да јадете по утринскиот тренинг - Balansplus.mk
Што да јадете по утринскиот тренинг
22/05/2017

Откако ќе се мотивирате да се истркалате од креветот и да се најдете во салата за вежбање се чувствувате како да сте на правиот пат да го подобрите вашиот фитнес.

Хранлив, пост-тренинг утрински оброк со јаглехидрати и протеини треба да се консумира 2 часа откако ќе заврши тренингот, кој ќе ви помогне да закрепнете и опоравите побрзо и ќе ви даде енергија за следниот тренинг.

Вклучете храна и течности со натриум и калиум кои исто така ќе ви помогнат да се хидрирате и да ги надополните електролитите од изгубената пот.

Тајмингот на исхрана

Тајмингот на вашиот пост тренинг оброк е исто толку важен како и тоа што ќе јадете. Јадењето веднаш по вашиот утрински тренинг ќе го зголеми мускулниот гликоген или ќе ги складира карбохидратите  повеќе отколку почекате два часа до вашиот оброк.
Вежбањето ја зголемува количината на глукозата или шеќерот во крвта донесена од страна на мускулите.
Мускулите ја користат оваа глукоза како гориво за време на вежбањето. Во првите два часа, доколку јадете оброк, вашите мускули ќе ја апсорбираат гликозата и ќе ја претворат во гликоген, обновувајќи ги „горивата“ загубени за време на тренингот.

Јаглехидрати

Јаглехидратите се најефикасниот извор за вашите мускули посебно по високо интензивни вежби. Интензивни утрински вежби ги исцрпува залихите на гликогенот во мускулите. Затоа потребно е вашиот утрински пост-тренинг оброк треба да се фокусира на јаглехидрати како интегрален тост, овошје, овесна каша, компири…

Протеини

Протеините се исто така важни делови од вашиот пост-утрински оброк бидејќи не снабдуваат со амини киселини, кои се градежен материјал за поправка на оштетените мускули од вежбањето. Потребно е да се консумираат протеини како што се јајцата, ниско калорично млеко или јогурт, пилешки стек, мисиркино месо или грав.

Електролити

Обилното потење ги исцрпува течностите и електролитите како што се натриум и калиум. Овие електролити ги изведуваат функциите како што се регулација и баланс на мускулните контракции кои се есенцијални за здравјето и оптимални тренинг перформанси.
Потребно е да се консимира храна што содржи големи количества вода како што се овојше и зеленчук вклучувајќи ги јагодите, лубеницата, краставицата и доматите кои ќе ви помогнат да останете хидрирани.