Супа од леблебии, кељ и домати
26/01/2017

Вкусете ја неверојатната текстура на ова блискоисточно јадење со одличен вкус!

Супата воедно е и многу хранлива, а она што нема да го изедете може да го чувате во фрижидер и да го подгревате по потреба.

Фотографијата е преземена од Greatist.com

Состојки:
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 мал црвен кромид, ситно исечкан
  • 1 големa тиквичка, ситно исечкана
  • 1 супена лажица мелен ѓумбир
  • сол
  • вода
  • 800 гр. домати од конзерва (излупени)
  • 6-8 листови кељ, крупно исечкани
  • 1 голем домат, исечкан
  • 2 шолји омекнати леблебии
  • 1 кафена лажичка чили во прав
  • 3 кафени лажички ким во прав
Припрема:
1. Загрејте тенџере со средна големина на среден оган, додадете го маслиновото масло, кромидот, тиквичката и ѓумбирот. Зачинете со сол по желба. 2. Кога кромидот ќе стане проѕирен, додадете доволно вода за да го покрие зеленчукот, конзервираните домати, кељот, доматот, леблебиите, чилито и кимот. 3. Оставете супата да зоврие, а потоа намалете го оганот, покријте го тенџерето и оставете да се крчка околу 25 минути со повремено мешање. 4. Супата може да ја сервирате без понатамошна обработка, или да почекате да се олади и да ја ставите во блендер за да добие кремаста структура.