n Црвен грејпфрут против холестерол - Balansplus.mk
Црвен грејпфрут против холестерол
29/06/2016

Консумирањето на само еден грејпфрут на ден е многу корисно во спречувањето на развојот на кардиоваскуларни болести.

Сте знаеле ли дека под дебелата кора на црвениот грејпфрут се крие вистинска ризница на здравје? Истражувања спроведени во Израел утврдиле дека ова овошје е одлична превентива на срцеви болести, а воедно и го регулира вишокот холестерол.

„Интересно е што организмот на пациентите претходно не реагирал на вообичаените лекови за намалување на холестеролот, но по консумирањето на црвен грејпфрут нивото на холестерол им се намалило“, изјавила Шила Горинштајн, водачот на истражувачкиот тим од универзитетот во Ерусалим.

Друго истражување пак, покажало дека црвениот грејпфрут го намалува нивото на маснотии во крвта, посебно триглицеридите, што не е случај со жолтата варијанта на ова овошје.

Научниците сметаат дека ова се должи на антиоксидансите со кои изобилува црвениот грејпфрут.

Коментари