Често поставувани прашања

Јогурт
Што е јогурт?
Јогуртот е хранлив млечен производ којшто позитивно му влијае на организмот и здравјето. Содржи важни состојки кои помагаат во одржувањето на виталноста на организмот. Повеќето од позитивните дејства на јогуртот произлегуваат од присутноста на живите млечнокиселински бактерии. Овие бактерии вршат ферментација при која лактозата се претвара во млечна киселина. Млечната киселина влијае врз перисталтиката на цревата и го зголемува искористувањето на калциумот и фосфорот. Нутритивната вредност на јогуртот се наоѓа во неговите основни состојки кои му се потребни на организмот за раст, размножување и задоволување на енергетските потреби.
Кои нискокалорични производи ги има „Бимилк“ во својот асортиман?
НИСКОКАЛОРИЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ СОДРЖАТ НИСКА СОДРЖИНА НА МАСТИ, СОЛ И ЈАГЛЕХИДРАТИ. ВО НИСКОКАЛОРИЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ НА „БИМИЛК“ СПАЃААТ БАЛАНС+ ПРОИЗВОДИТЕ. ОВИЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОЛЕЗНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА ВО ЗАВИСНОСТ ОД КОЛИЧЕСТВОТО ВО КОЕ СЕ КОНСУМИРААТ.
Прeбиотици
Што се прeбиотици?
Пребиотиците се несварливи состојки на храната кои поволно му влијаат на организмот на домаќинот со помош на стимулација на растот и развојот на селективна корисна микрофлора со што се подобрува здравјето на домаќинот. Поради овие својства, пребиотиците претставуваат храна за пробиотиците кои се мешани култури на живи микроорганизми што поволно му влијаат на организмот на домаќинот. Пребиотиците кои ги користи „Бимилк“ се декларираат како инулин, олигофруктоза, фрукто-олигосахариди или влакна, а се добиени од коренот на растението цикорија.
Кои производи на „Бимилк“ содржат пребиотици?
Сите Баланс+ производи од „Бимилк“ содржат пребиотици.
Пробиотици
Што се пробиотици?
Пробиотиците се поединечни или мешани култури на живи микроорганизми кои позитивно му влијаат на организмот на домаќинот и со тоа што ги подобруваат својствата на автохтоната микрофлора на дигестивниот систем. Поради овие својства тие се разликуваат од пребиотиците, односно пребиотиците претставуваат храна за нив.
Што се LA5 i BB12?
LA-5 и BB12 се пробиотици кои се вклучени во Баланс+ производите. LA-5 е сој на млечно киселинската бактерија Lactobacillus acidophilus. Претставува клинички тестиран сој на оваа бактерија кој заедно со BB12 дава позитивни резултати за здравјето на домаќинот и се декларира како пробиотик. BB12 е сој на млечно киселинската бактерија Bifidodbacteruim. Претставува еден од најдокументираните и клинички докажани пробиотици за коишто постојат повеќе од 150 клинички студии дека позитивно му влијаат на здравјето на домаќинот и се декларираат како пробиотик.
Balans +
Зошто се препорачува Баланс+ и што значи „клинички докажано"?
Со клиничка студија е докажано дека со редовно консумирање на Баланс+ доаѓа до: Нормализација на честотата и конзистенцијата на столицата Губење на чувството за нецелосно празнење Намалување на напрегањето за време на празнењето Намалување болката при празнењето Намалување на надуеноста и на болката во стомакот независно од празнењето Со консумацијата на Баланс+ доаѓа до значителни промени во телесниот состав на консументот, односно се намалува процентот на телесни масти и се зголемува вкупната телесна вода.
Која е дневното препорачано количество Баланс+?
Се препорачува дневна консумација од најмалку 500 g Баланс+ во период од најмалку 10 дена последователно. Во комбинација со разновидна и избалансирано-урамнотежена исхрана, максимумот на позитивното дејство се јавува на 15-тиот ден од почетокот на консумацијата.
Што означуваат броевите испишани со црна боја на горниот дел од амбалажата на млеката и јогуртите?
На горниот дел на амбалажата на млеката и јогуртите е отпечатен датумот до кога е најдобро производите да се употребат. По отворањето производот кој се наоѓа во амбалажата не е веќе заштитен од надворешни влијанија. Поради ова на некои производи е истакната препорака колкава е трајноста на производот по отворањето доколку се чува според условите наведени на амбалажата. Покрај датумот, во овој дел на амбалажата се пишува и точното време кога е произведен секој производ поединечно, како и серискиот број кој е различен за секој производ.
Глутен
Дали производите на „Бимилк“ содржат глутен?
Од сите „Бимилк“ производи, само производот Баланс+ со суви сливи и трици содржи глутен. Информацијата за присуството на глутен во овој производ е назначена на амбалажата. Според важечките правилници во РМ не е дозволено на амбалажата да се пишува што нема, туку само состојките кои ги има одреден производ, што значи дека сите производи кои содржат глутен ја имаат оваа информација напишана на амбалажата.
Лактоза
Што е лактоза?
Лактозата или млечниот шеќер е единствен јаглен хидрат кој се наоѓа во млекото и е извор на третина од неговата енергетска вредност. Во млекото е застапена во најголемо количество, а во ферментираните производи (јогурт, павлака, кисело млеко и др.) лактозата ферментира и се претвора во друг облик и поради тоа е застапена многу помалку. Во полутврдите и тврдите сирења, поради бактериите кои се во нивниот состав и на кои им е потребен подолг период за ферментација, ја има најмалку.
Што е нетолерантност на лактоза?
Нетолерантноста на лактоза е збир на ефекти кои се последица на намалувањето на способноста на органите за варење да ја преработат лактозата (млечниот шеќер). Кај нетолерантните лица во тенкото црево не постои ензим лактаза или клетките на дигестивниот систем не произведуваат доволно количество од овој ензим. Поради тоа што млечниот шеќер неразграден поминува во дебелото црево, таму ги храни бактериите кои создаваат гасови и тоа предизвикува подуеност проследена со болка и грчеви. Еден дел од лактозата која не ги храни бактериите повлекува вода со себе која предизвикува дијареја.
Постави прашање