Внесете ги вашите вредности во полињата за да го пресметате вашиот индекс на телесна маса
Во табелата подолу, согласно вашиот конечен резултат и моментален Индекс на телесна тежина, видете во која група спаѓате вие:
Возраст | намалена телесна тежина | Нормална телесна тежина | Дебелина | зголемена Дебелина | значително зголемена Дебелина |
---|---|---|---|---|---|
18 - 24 | <20 | 20 - 25 | 25-30 | 30 - 40 | 40+ |
25 - 34 | <21 | 21 - 26 | 26 - 31 | 31 - 41 | 41+ |
35 - 44 | <22 | 22 - 27 | 27 - 32 | 32 - 42 | 42+ |
45 - 54 | <23 | 23 - 28 | 28 - 33 | 33 - 43 | 43+ |
55 -64 | <24 | 24 - 29 | 29 - 34 | 34 - 44 | 44 + |
65 + | <25 | 25 - 30 | 30 - 35 | 35 - 45 | 45+ |
Намалената телесна тежина е подеднакво нездрава за човековиот организам како и зголемената телесна тежина. Кај жените таа е под 19, а кај мажите под 20 BMI вредности. Во такви услови треба да се консултирате со вашиот доктор и да водите сметка за здрав и балансиран начин на исхрана со кој ќе ја нормализирате телесната тежина согласно вашите години и пол.
Постојат лични причини за намалена телесна тежина, но на крајот повеќето од нив можат да се поврзат со нездрави и погрешни навики при исхраната, како и погрешна претстава за она што претставува здрав личен изглед. Секако, тука во игра влегуваат и разни нарушувања на метаболизмот, заболувања на штитната жлезда или дијабетот, паразити, проблеми со варењето и стрес.
Кај оваа група се советува консумирање на помрсна и калорична храна, но и редовно спортување за зголемување на мускулната маса и со тоа нормализирање на индексот на телесна тежина.
Нормалната тежина е она кон што сите треба да целиме и која е оптимална за секого од нас. Таа зависи од возраста и од полот. Имате доста причини за радост доколку токму вие се наоѓате во оваа група, односно доколку сте жена со индекс на телесна маст помеѓу 19 и 24, односно маж со BMI помеѓу 20 и 25.
Тоа значи дека вашата висина и тежина се усогласени во хармоничен однос. По прашање на исхраната и здравјето, вие имате здрави навики. Балансираната исхрана и физичката активност ќе ви помогнат да ја одржите својата идеална тежина.
Зголемената телесна тежина се дели во три категории: телесна тежина над нормалата (кога BMI кај жените е помеѓу 24 и 30, а кај мажите 25 и 30), дебелина (кога BMI кај жените и мажите е помеѓу 30 и 40) и значително зголемена дебелина (кога BMI и кај жените и кај мажите е над 40).
Доколку имате прекумерна телесна тежина секако треба да се консултирате со вашиот доктор и со нутриционист затоа што во вакви ситуации постои поголем ризик за развој на болести на срцето и крвните садови.
Секако, тука треба да се земе предвид дека доколку имате благо зголемена телесна тежина тоа не мора да значи дека не живеете здрав живот и дека не сте во форма. Професионалните спортисти, жените и мажите со голема мускулна маса можат да влезат во оваа категорија, а во најголемиот број на случаи тие се поздрави од повеќето луѓе.
Дебелината е нешто со што се соочуваат и жените и мажите, како и деца од сите друштвени слоеви. Зборуваме за дебелина кога индексот на телесна тежина кај мажите и жените е помеѓу 30 и 40, а за значително зголемена доколку индексот е над 40.
Доколку спаѓате во оваа група задолжително посетете го вашиот доктор за целосна контрола на вашето здравје, крвен притисок и крвна слика. Зголемената телесна тежина често е основа за други посериозни заболувања на крвните садови и срцето.
Во оваа група голема важност за вкупното здравје има распределбата на прекумерната тежина. Така, лицата кои се градени во облик на „јаболко“ имаат најмногу масни наслаги во средината на телото, односно околу внатрешните органи. Затоа тие личности имаат зголемен ризик од болести на срце и крвните садови. Лицата пак со облик на телото како „круша“ имаат зголемени масни наслаги на колковите и бутините.
Кај сите лица кои влегуваат во оваа група исклучително важно е да се намалува постепено телесната тежина и со тоа да се намали ризикот од заболувања од различна природа.
Индексот на телесна маса (BMI) ни го покажува односот помеѓу тежината и висината на нашето тело. Во зависност од резултатот, како и вашата возраст и пол, калкулаторот ви дава информација за тоа дали имате нормална тежина или не. Оваа BMI табела ви покажува различни категории на телесна тежина според вашата возраст и ви дава информација дали сте на граница со некоја друга категорија. Исто така, BMI ќе ви покаже дека сте во границите на нормалата, но и дека, на пример се приближувате кон прекумерна и намалена телесна тежина. Доколку вашите вредности се далеку над или под просекот Ве молиме да се консултирате со вашиот лекар.