n Тестенини со авокадо - Balansplus.mk
Тестенини со авокадо
13/06/2018

Обично сме навикнати на јадење авокадо само во гвакамоле сос. Но зошто да не го употребите како сос за вашите омилени тестенини?

Состојки:

  • 130 гр. тестенини по желба
  • 2 зрели авокада, излупени и без семка
  • 1/2 шолја свеж босилек
  • 2 чешниња лук
  • 2 супени лажици свежо исцеден сок од лимон
  • сол и бибер по вкус
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • 1 шолја шери домати, исечени на половина
  • 1/2 шолја конзервирана пченка

Припрема:

Во големо тенџере зовријте посолена вода, додадете ги тестенините и варете ги според инструкциите на пакувањето, и добро исцедете ги. За сосот од авокадо, во блендер додадете ги авокадата, босилекот, лукот и лимоновиот сок. Зачинете со сол и бибер по вкус. Додека блендерот работи, полека додавајте го маслиновото масло. Во сад за послужување комбинирајте ги тестенините со сосот од авокадо, и додадете ги шери доматите и пченката. Добар апетит.
Коментари