Во летните месеци препорачуваме: јогурт со пробиотици како сојузник за подобра дигестивна рамнотежа
14/07/2023

Изреката „здравјето низ уста влегува“ добива вистинска потврда кога се зборува токму за јогуртот. Постојано сме во потрага по храна која што го има токму тоа чудотворно дејство во нашиот организам, нѐ снабдува со енергија, хранливи состојки, храна која што е и лек и сојузник на здравиот и вит изглед и најмногу од сѐ е достапна буквално насекаде. Сето тоа го имаме во јогуртот и со редовно консумирање јогурт внесуваме многу повеќе од храна. Затоа што дејството на јогуртот е многу повеќе од освежување или додаток при јадење а ова посебно се однесува на јогуртот со пробиотици.

Јогуртот со пробиотици е вистинска супер храна, нѐ снабдува со најважните хранливи материи, протеини, витамини, од кои калциумот е еден од најпотребните за процесите во телото, меѓутоа нѐ снабдува и со пробиотици и со тоа влијае на здравствената состојба.

Така на пример, јогуртот Баланс+ во својот состав го содржи комплексот Bifido Digestio, што е комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus (LA) и Bifidobacterium (BB) и уште пребиотикот олигофруктоза. Како овој состав делува во организмот, пробиотиците создаваат баланс во дигестивниот систем и на тој начин ја подобруваат неговата работа и ги олеснуваат проблемите во дигестивниот тракт. А пребиотикот олигофруктоза е храна за пробиотиците која што го засилува дејството на овие пробиотици.

Баланс+ со ваквиот состав е единствениот јогурт на нашиот пазар што придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето на храната, а како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето и чувството на подуеност, се подобрува расположението и позитивно се одразува и на психичката состојба. Тоа е потврдено и со клиничката студија, спроведена единствено за Баланс+. Оваа студија потврди дека со редовното консумирање на Баланс+ во текот на десет дена, по најмалку 500 грама дневно наеднаш или поделено во два оброци, се чувствуваат сите овие промени во организмот.

Затоа Баланс+ претставува и функционална храна, односно освен што е основна храна, содржи хранливи состојки кои влијаат на одредени здравствени состојби и процеси и имаат здравствена функција во организмот.

Коментари