Дали е подобар утринскиот или вечерниот тренинг кога сакате да ослабете
22/05/2017

Покрај исхраната, вежбањето игра голема улога во намалувањето на килограмите. Најефективното време за вежбање за намалување на килограмите зависи од персоналната енерија и мотивација, слободното време и семејните обврски.

Утринските и вечерните тренинзи нудат значителни бенефити, но и потенцијални недостатоци.

Вечерни тренинзи

Вечерните тренинзи ја намалуваат потребата од вежби за загревање затоа што срцето и мускулите се повеќе подготвени за вежбање отколку кога ќе се разбудите. Вечерните тренинзи се одлични за експлозивни вежби бидејќи телесната температура е поголема.

Утрински тренинзи

Тренинзите во утринските часови може да ви помогнат да создатете позитивен и здрав изглед за вашиот ден и ви помага да одржите здрав режим на исхрана кој ќе го подржи губењето на тежината. Утринските тренинзи на празен стомак може да ви помогнат да согорите повеќе калории, но исто така и да се уморите побрзо.

Заклучок

Тренингот е ефективен само ако го одржите. Ако консумирате овошје пред утринските вежби, ќе имате поголема енерија за денот кој ви претстои, додека вечерните тренинзи може да ви помогнат за поголема експлозивност.
Фокусот и мотивацијата се пресудни кога одлучувате кога да го одржите вашиот тренинг. J

Коментари