Смути со тиква
04/10/2017

Состојки:

-Смрзната тиква
-250 мл Баланс+
-100 мл Битолско млеко
-Цимет
-Крекери (со или без цимет)

Подготовка:

Ставете ги крекерите во пластично кесиче и сомелете ги. Во блендер ставете 250мл млеко и 100мл Баланс+. Потоа, во блендерот ставете ја и смрзнатата тиква заедно со една лажичка цимет.
Мешајте со блендерот се додека смрзнатата тиква не се раскрши на ситни парчиња. Следно, претурете ја смесата во чаша. Доколку сакате смутито да има пена, оставете ја чашата на неколку минути да се направи сама. За крај, искористете ги сомелените крекери како декорација.

Ова смути е перфектен пијалак за врнежливите есенски денови. 🙂