n Во сезона на настинки и грип корисно е да знаеме која храна го јакне имунитетот - Balansplus.mk
Во сезона на настинки и грип корисно е да знаеме која храна го јакне имунитетот
13/12/2020

Постојано сме во потрага по витамини, минерали, суплементи и храна со изразен витамински состав, се со цел што повеќе да се заштитиме во време на вируси, грип и настинки.

Опремени сме со знаење дека за да се заштитиме од зимските вируси и настинките, треба да го зајакнеме имунитетот, отпорноста на организмот да се избори со овие напади.

Затоа внесуваме разни додатоци, цела листа витамини, некогаш и без контрола што точно и колку сме зеле.

Сепак, во снабдување на организмот со состојки што го поттикнуваат функционирањето на имуниот систем, предводи изборот на квалитетна храна. Зеленчук, овошја, јаткасти плодови, житарки, сите тие содржат некоја имуностимулирачка состојка.

Но, далеку поефективно и со подобар резултат е внесување храна, производ што е создаден токму со таа намена – да го зајакнува имунитетот.

Оваа храна, уште наречена функционална, со својот состав освен што ја исполнува хранливата, нутритивна функција, дава и здравствена придобивка, штити од некоја појава или е наменета за подобрување на некои од процесите во организмот.

Таков е Баланс+ Имуно, функционален јогурт, направен со состав да го зајакнува имуниот систем. Оваа функцијата доаѓа од начинот, единствената и природна формула и изборот на супстанци кои се содржани.

Со посебната врста култури, HN019 и NCFM, за кои има цели студии со кои се потврдува нивното влијание врз имуниот систем, ја одржува нормалната функција на имуниот систем.

Овие култури, во Баланс+ Имуно јогуртот се во комбинација со комплекс од три витамини Д3, Б6 и Б12 стриктно насочени кон одржување на правилната функција и јакнењето на имунитетот.

Б6 и Б12, влијаат врз клеточниот имунитет и се клучни за стимулирање на производството на антитела, а витаминот Д е важен затоа што имунитетот во голема мера се потпира на неговата функција.

Третата состојка од овој јогурт, што е исто така клучна е природното влакно инулин. Инулинот дејствува на начин што внесен во организмот со добрите бактерии присутни во јогуртот, дејствува како пребиотик и уште повеќе ја поттикнува нивната функција.

Со пробиотиците се стимулира работата на цревната флора и се одржува здрава, а во спротивно се знае дека вирусните инфекции започнуваат токму од дигестивниот тракт каде во недостаток од добри бактерии, се развиваат штетните.

Оваа уникатна формула, што ја нема ни еден друг производ на пазарот, го прави Баланс+ Имуно, совршена храна за зајакнување на имунитетот, но и за поттикнување на други процеси, неопходни за здрава и силен организам.