Таратур со твист
03/08/2016

Исечете ги краставиците по должина и потоа преполовете ги четвртинките, се додека не добиете мали парченца. Ставете ги во сад, наросете со сол, промешајте и оставете ги да отстојат барем 20 минути.

Искомбинирајте го јогуртот, киселото млеко, лимоновиот сок, лукот и магдоносот во сад со средна големина и додадете го маслото.

Исцедете ги краставиците, вратете ги во садот, прелијте ги со мешавината од јогурт и добро промешајте.

*Совет: ако сакате таратурот да го претворите во сос за макање, изрендајте ги краставиците наместо да ги сечкате.