Придобивките од растителните влакна во функционалната храна
08/02/2022

Растителните влакна во исхраната се исклучително корисни и важни, поради што многу нутриционисти препорачуваат да бидат вклучени во секој оброк во секојдневната исхрана. Растителните влакна се „чудесен“ вид јаглени хидрати кои желудникот не може да ги свари.

Можеби ова звучи како хранлива состојка што треба да ја избегнувате во вашата исхрана, но, сепак растителните влакна делуваат сосема поинаку.

За разлика од другите јаглехидрати, растителните влакна во желудникот не се „разградуваат“ на молекули на шеќери, па затоа желудникот не ги вари. Кога растителните влакна ќе стигнат до цревата, несварени, стануваат храна за пробиотиците (добрите бактерии) во цревата, а со тоа благотворно делуваат на варењето, на здравјето на цревната флора, а индиректно и на целиот организам.

Токму поради оваа корисна карактеристика на растителните влакна, Баланс+ пробиотскиот јогурт е функционална храна со позитивен ефект врз дигестивниот систем, а и целиот организам.

Баланс+ содржи олигофруктоза – растително влакно кое во комбинација со пробиотските култури се однесува како пребиотик, или храна на пробиотиците.

Високата содржина на растителни влакна во исхраната им помагаат на цревата да останат здрави и го намалуваат ризикот од развој на разни цревни воспаленија. Така, исхраната богата со растителни влакна може на неколку начини да ја подобри работата на дигестивниот систем и здравјето на органите за варење.

За постигнување на оваа рамнотежа доволно е да го вклучите Баланс+ пробиотскиот јогурт во вашата дневна рутина, заради ефектот на благотворното растително влакно олигофруктоза. Така со редовно консумирање на Баланс+ пробиотскиот јогурт во тек на само 10 дена, работата на дигестивниот систем значително се подобрува.

Една шолја Баланс+ јогурт за појадок и една шолја за вечера, ќе му ја дадат на вашето тело оптимална доза растителни влакна што му се потребни, а пробиотскиот состав на јогуртот ќе ги даде дополнителните придобивки за здравјето на дигестивниот систем и на целото тело.

Коментари