Знаци дека ви треба детоксикација
28/06/2016

Постојат неколку начини да откриете дали телото ви е полно со токсини. Проверете колку од симптомите имате, а ако имате повеќе од три, дефинитивно ви треба детоксикација.

Несоница – Таложењето токсини е вообичаена причина за несоница. Ако имате проблеми, треба да направите детокс третман на црниот дроб. Пијте сокови од брокула, карфиол и сличен зеленчук.

Главоболка – Хроничните главоболки кои постојано се враќаат може да се знак на преголемо ниво на токсини во организмот. Важно е да знаете дека во процесот на детоксикација може да се зголеми главоболката, но по завршувањето би требало или целосно да исчезне, или значително да се намали.

Проблеми со кожата – Во исфрлањето на токсините од телото помага и нашиот најголем орган – кожата. Доколку главните органи за исфрлање на токсините не функционираат правилно, тогаш „настапува“ кожата, која во процесот на „борба“ против токсините може да добие осипи, воспаленија, па дури и акни.

Жолт или бел јазик – Јазикот е важен индикатор за откривањето на токсини во организмот. Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз во околината на јазикот. Ако видите жолт или бел слој, вашиот систем за варење се бори против токсините.

Таложење масно ткиво на стомакот – Токсините кои ги внесуваме преку храната и пијалаците, како и оние кои ги вдишуваме, можат да придонесат за таложење на масно ткиво на стомакот. Тоа се случува затоа што многу од токсините кои се задржуваат до телото стигнуваат до абдоменот и таму остануваат. Можат да се отстранат само преку детоксикација.

Коментари