n Зошто пливањето е најдобра активност - Balansplus.mk
Зошто пливањето е најдобра активност
27/06/2017

Пронаоѓањето на идеалната активност за многу луѓе претставува вистински предизвик. Можеби трчањето или велосипедизмот се преголем „залак“ или пак јогата претставува премала активност, обидете се со нешто на што многумина не се сетиле – пливањето.

Водата делува како природен стимуланс на мозокот и ви помага да го намалите нивото на стрес. Исто така, поради ликвидната состојба иако преставува одлична кардио вежба, за разлика од трчањето не ги изложува зглобовите, колената и мускулите на ист интезитет како трчањето или џогирањето.

Одличните придобивки од пливањето се чувстуваат на целото тело, но најмногу на одржувањето на здрави бели дробови.

Доколку се уште се мислите која активност да ја изберете ова лето, не заборавајте дека водата ве приближува поблиску до природата и ќе ве разлади во летните горештини кои претстојат.