n 10 намирници за чистење на црниот дроб - Balansplus.mk
10 намирници за чистење на црниот дроб
18/10/2016

Се што јадеме и пиеме поминува низ црниот дроб. Токму затоа овој орган ги трпи и впива сите наши лоши навики додека се обидува да ни го заштити телото.

Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци и лековите се главни непријатели на нашиот црн дроб кој има функција на филтер. Токму заради неговата тешка задача, црниот дроб неретко може да биде преоптоварен и да предизвика разни здравствени проблеми.

Со оглед на тоа што црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болестите на него не се манифестираат преку болка и многу тешко се откриваат. Добрата вест е што се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи.

Намирници кои го чистат црниот дроб:

Лук – го поттикнува создавањето на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

Цитрусно овошје – цитрусите богати со витамин Ц се силен антиоксидант и му помагаат на црниот дроб побргу да ги апсорбира штетните материи.

Цвекло и морков – двете се богати со флавоноиди и бета каротен и го стимулираат црниот дроб, подобрувајќи ја неговата работа.

Зелен лиснат зеленчук – спанаќ, кељ, блитва и марула се зеленчуци полни со хлорофил, па се многу делотворни и ги неутрализираат и исфрлаат токсините од крвниот систем.

Ананас
– преполн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.

Нане – листовите нане се богати со флавоноиди кои делуваат како силен антиоксидант.

Ѓумбир – многу моќен антиоксидант кој го забрзува метаболизмот и помага во исфрлањето на маснотии од телото.

Ореви – содржат голема количина на омега 3 масни киселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

Зелка – исто како и брокулата и карфиолот, зелката делува врз ензимите во црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат неговата работа.

Коментари