Автомати за здрава храна
29/06/2016

Замислете си автомат од кој наместо чоколади и грицки може да си купите здрав оброк. Тоа може да биде иднината на луѓето што се брзаат, но сепак сакаат да внимаваат што внесуваат во себе.

Лук Саундерс е основач на компанијата Farmer’s Fridge и добил идеја да создаде автомат кој дава зеленчук наместо чоколадо.

Неговиот изум е полн со тегли во кои има салати направени од локални и органски состојки, а идејата му дошла за време на долгите бизнис патувања при кои едноставно сакал само да најде брза, евтина, но и здрава храна.

Освен што нудат здрава храна, автоматите не се штетни за природата и се напрацени од рециклирани материјали, а трошокот за струја е само 25 долари месечно.

Салатите што нема да се продадат во никој случај не се фрлаат, туку се донираат во добротворни цели.

Моментално Farmer’s Fridge автоматите ги има само во Чикаго, но тоа не значи дека идејата не треба да се примени насекаде низ светот.

Коментари