Балансирано
Балансирано до рамномерна исхрана. Како да се храниме здраво?
02/04/2020

Витамините и минералите се неопходни за нормално функционирање на организмот и за непречено одвивање на сите процеси. Нивното влијание врз развојот на организмот и воопшто здравјето, е огромно.

Сите процеси во организмот се поврзани на различни начини, и недостатокот на извесен витамин или минерал, може лошо да влијае на еден сегмент од нашето здравје и индиректно да се одрази и врз другите процеси во организмот.

Недостатокот на витамини и минерали најмногу се одразува врз имунитетот, така што неговата функција во однос на штетните бактерии и вируси кои го напаѓаат организмот, значително опаѓа и се создаваат можности за развој на болести.

Витамините за имунитетот, но и за другите процеси во организмот се од големо значење, како и минералите коишто го поттикнуваат и придонесуваат за подобро здравје.

Витамините учествуваат во метаболички процеси и бидејќи човечкото тело не е секогаш во можност да ги создава, витамините треба да се внесуваат преку исхрана, и тоа во доволни дневни количини.

Доколку снабденоста на организмот со витамини е мала, неопходно е да се консумираат на дневна основа и тоа преку храна или суплементи што ќе ги задоволат дневните потреби.

Низата витамини кои ни се потребни за нормално функционирање започнува со витамините од групата Б, витаминот Д, витаминот А, понатаму многу потребниот Ц витамин, како и Е и витаминот К.

Покрај витамините, минералите се исто така неопходни за организмот. Како природни соединенија со карактеристичен хемиски состав, тие се одговорни за правилно функционирање на многу физиолошки процеси во организмот.

На организмот му треба раст, развој, енергија, производство на хемоглобин, транспорт на кислород, градење силни заби и коски, правилно функционирање на бубрезите, мускулите и нервите и многу други процеси. Тука се потребни калциум, фосфор, калиум, магнезиум, натриум, цинк и манган.

Како и секогаш кога станува збор за здравјето, треба да се спомене здравата исхрана, што е предуслов за витамините и минералите да се внесат во организмот. Зеленчукот и овошјето се првите на листата, но потребна е избалансирана исхрана, за снабдување на организмот со неопходните витамини и минерали.

Млекото и млечните производи се исто така високо на листата, посебно заради минералите што ги содржат, а уште подобро дејство врз организмот имаат функционалните јогурти, оние што содржат пробиотик. Голем број вируси и бактерии прво се таложат во цревната флора, па оттаму јогуртот со пробиотик е корисен за одржување здрав и функционален дигестивен тракт.

Оваа важна функција на јогуртот со пробиотик е докажана и преку клиничка студија, посветена на влијанието што Баланс+ го има врз функционирањето на организмот и воопшто врз здравјето.

Според оваа студија, со редовно консумирање на овој јогурт, се зголемува апсорпцијата на витамини и минерали, што придонесува за поттикнување бројни процеси во организмот кои се засегнати од различните витамини и минерали.

За внесување витамини и минерали на природен и здрав начин, се препорачуваат и аронија, авокадо, грозје, сушени праски, јаболка и банани, како и цвекло, брокула, целер, грав. Треба да се земат предвид и интегралните житарки, компири и немасното свинско месо, кои се претежно богати со витамин Б1.

Препораката е неделното мени барем двапати да содржи риба, што е одличен извор на дури 9 од 14те витамини што му се потребни на организмот.

Листата здрава и корисна храна продолжува со печурки, кои се многу хранливи и во исто време со малку јаглехидрати и калории, јајцата се одличен извор на витамини Б2, Б5 и Б12, додека пиперките се одличен извор на витамини А и Ц.

Витамините и минералите се суштинска „состојка“ на здравјето и се неопходни за оптималното функционирање на сите процеси во организмот. Затоа е важно да се внесуваат природно преку храна која е богата со витамини и минерали.

Првата препорака е секогаш јогурт, овошје, риба и зеленчук, како и друга храна што содржи голем процент витамини и минерали и што може да се консумира како ужина или како дел од редовниот оброк.