Одамна се знае дека читањето е добро за мозокот, но едно ново истражување вели дека редовната „консумација“ на книги може да ви го продолжи животот.
Не е важно што читате, се додека читате. Што подолго – тоа подобро.
До таков заклучок се дошло по анализирање на податоци од повеќе од 3.600 здрави доброволци кои биле поделени во три групи.
Едните читале до три и пол часови неделно, други читале повеќе од тоа и третите не читале воопшто.
Бидејќи предвид биле земени фактори како возраст, пол, економски и образовен статус, научниците заклучиле дека читателите живееле две години подолго од оние кои воопшто не читале.
Воочено е дека оние кои читале до три и пол часови неделно имале 17% помала веројатност да умрат во наредните 12 години, односно 23% за оние кои читале повеќе од тоа.