n Ден 10 - Balansplus.mk
Ден 10
14/04/2019

Појадок: Balans+ смути со овошје

Направете смути со Balans+ 250 g, една средна банана, 8 оревчиња или 30 g бадеми и една лажица мелено ленено семе. Една шолја црно кафе.

Ручек: Посни плескавици од леќа со салата марула

Подготовка: 1 шолја леќа се става од вечер да кисне во вода. Другиот ден се блендира, на тоа се додава 1 рендана тиквичка процедена од водата и 1 рендан морков. Целата смеса се замесува со маслиново масло, црвен пипер, сол, бибер и се обликува со раце како за плескавици и се редат на тава со хартија. Се пече 30 минути на 200 степени. Комбинирајте со салата од марула и млад кромид

Ужина: Овошен јогурт: Balans плус+ кисело млеко 150 g и смрзнати малини, капини и боровинки.

Вечера: Пилешко во кари

Потпржете на една лажица маслиново масло 150 грама пилешки гради, со бибер, кари и сол. Откако добро ќе се пропржи тргнете од оган и додадете 2 супени лажици Balans+ кисело млеко и измешајте добро. Сервираје со салата рукола.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана