n Ден 21 - Balansplus.mk
Ден 21
14/04/2019

Појадок: Лепче со домашна пилешка паштета и маслинки.

Подготовка: Во блендер се става околу 100 g бело месо или 2 помали печени копани без коските, се додава малку топла вода, малку лук во прав или свеж, малку магдонос, црвен пипер, мешан зачин, сол и бибер.

Се блендира до изедначување на смесата, па се додаваат неколку маслинки без семки и се блендира уште еднаш. Намачкајте на две кришки интегрален леб и јадете со кисело млеко Balans+. 1 голема шолја кафе

Ручек: Полнет модар патлиџан со мелено јунешко месо, црн бибер, маслиново масло и морков.

Подготовка: Пропржете 200 g мелено јунешко месо со малку кромид, лукче, ситно сечкан морков и зачинете со сол, бибер и црвен пипер. На страна пресечете напречно еден модар домат, издлабете ја средината и наполнете ги со претходно подготвената смеса.
Ставете во рерна да се пече со малку маслиново масло одозгора околу 30 минути на 200 степени.
Пред крајот додадете малку рендана моцарела и оставете во исклучена рерна уште неколку минути. На крај поросете со свеж магдонос и сервирајте топло во комбинација со домат, пиперка и млад кромид.

Ужинка: Овошен јогурт: Balans+ кисело млеко 100 g, сечкани праски 30 g и 2-3 суви кајсии.

Вечера: Потаж од печурки со лукче

Потаж од печурки. Шампињоните (околу 50-100 g) ги ставаме да се пропржат на маслиново масло со лукче и кромид. По кратко време додаваме 20 ml вода и оставаме да се варат околу десетина минути.

Пред крајот додаваме една помала китка карфиол се вари уште некоја минута и гасиме од оган. Потоа се блендира додека не добиеме хомогена смеса и имаме спремна крем супа. Закиселуваме по вкус со лимон. Додаваме бибер и куркума.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана