Гушкањето е добро за вашето здравје
11/01/2017

Истражувачи од универзитетот во Северна Каролина откриле дека прегратките го регулираат нивото на окситоцин, го намалуваат крвниот притисок и го смалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Резултатите особено важеле за жените, но и мажите ги имале овие предности.

Дополнително, со гушкање се смалува бројот на отчукувања на срцето и се ублажува стравот. Затоа чувството на гушкање ни е многу убаво.

Друштвената поддршка е посебно важна за здрав и балансиран живот.