Идеалниот напиток против пролетниот умор
28/06/2016

Простите шеќери кои нагло ги внесуваме во организмот со консумација на слатки се само брзо и привремено решение за зголемување на енергијата која трае од 15 до 40 минути.

За долготраен резултат, пробајте портокал во комбинација со ленено масло. Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото го забавува впивањето на овошните шеќери во крвотокот и со тоа осигурува рамномерно создавање на енергија што трае неколку часа.

Тоа не е единствената предност од овие здрави намирници. Тие спречуваат и кардиоваскуларни болести и болести на белите дробови, а медицински истражувања покажале дека редовното користење на лененото масло го намалува зголемениот крвен притисок.

Нутриционистите препорачуваат да се користи како додаток во исхраната, но без термичка обработка бидејќи готвењето на висок оган ги уништува здравите масти во маслото.

Сокот од портокал и ленено масло може да се пие секојдневно, а неговата подготовка е брза и едноставна.

 

Припрема:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте. Ако немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокал и во него додадете масло и вода, па добро промешајте.
Коментари