Јадење после вежбање
28/06/2016
Јадете 30 до 60 минути после вежбањето
Посебно ако напорно сте вежбале, обидете се да јадете најбргу што можете. Вежбањето го тера телото да „користи“ хранливи материи повеќе од вообичаено, па со јадењето после вежбање ќе го надополните она што сте го изгубиле.
Не размислувајте само за протеини
Протеините се градбениот материјал на мускулите, па важно е да ги внесувате по вежбање, но идеалниот оброк треба да содржи и добри масти, како и зеленчук и овошје кои се богати со хранливи материи.
Хидрирајте се
Ако многу се потите, или вежбате повеќе од еден час, потребен ви е освежителен пијалак (не само вода) за време и по вежбањето. Одберете нешто богато со електролити и калиум.