n Како најдобро да го регулираме варењето на храната - Balansplus.mk
Како најдобро да го регулираме варењето на храната
10/03/2022

Целосниот баланс на организмот зависи од ефективното варење на храната, а истото го поттикнува и доброто расположение. При овој процес големите нерастворливи молекули храна се разградуваат на помали честички коишто понатаму се апсорбираат во организмот.

Варењето на храната може да трае од 24 до 72 часа и зависи од повеќе фактори. Покрај пробиотиците коишто се најдобриот начин да се поттикне овој процес и да се постигне совршен баланс, постојат уште неколку начини како да се регулира варењето на храната.

Не мешајте намирници што се варат брзо со оние што се варат подолго време. Мешањето храна којашто брзо се вари со онаа за која е потребно повеќе време за обработка во организмот е најлошата опција доколку сакате да постигнете здраво и регулирано варење. Предизвикува преоптоварување на желудникот, што води до забавено варење.

Не внесувајте прво храна којашто бавно се вари. Ако прво изедете, на пример, парче говедско месо за ручек, а потоа за десерт овошна салата – овошјето кое инаку многу брзо би поминало низ стомакот, ќе чека желудникот да „заврши“ со говедското месо.

За тоа време во желудникот може да дојде до ферментација на овошјето, што резултира со непријатно чувство во стомакот, чувство на „прејадување“ и проблеми со варењето.

Јадете храна богата со растителни влакна. Храната која е богата со влакна, вклучувајќи овошје, зеленчук и целoзрнеста храна, помага храната побрзо да помине низ дигестивниот систем. Истовремено го снабдуваат организмот со корисни витамини и минерали, а интегралните житарки го продолжуваат чувството на ситост.

Правилна хидратација за побрзо варење на храната. Минимум 2 литри вода дневно, го хидрира телото и го регулира варењето. Течностите помагаат храната побрзо да се движи низ телото и се важен дел од целокупниот дигестивен процес.

Внесување пробиотици за нормално и регулирано варење. Пробиотиците се најдобри пријатели на здравата цревна флора, за баланс не организмот но и воопшто, за функционирањето на дигестивниот систем. Функционалниот јогурт Баланс+ со својот состав од две пробиотски култури и пребиотикот олигофруктоза, го снабдува организмот со овие хранливи состојки.

Ефектите од консумирањето  на овој јогурт се докажани со клиничка студија која вели дека редовно земање во период од 10 дена го подобрува варењето на храната на најоптимален начин. За постигнување на овие резултати се препорачува внесување по 500g  Баланс+ секој ден.

Со нови навики во секојдневната исхрана лесно може да се  регулира и времетраењето на варењето на храната, а воедно и нејзиното правилно функционирање на дигестивниот систем.

Коментари