Како треба да изгледа пирамидата на здрава исхрана
28/01/2022

Одговорот на прашањето што е здрава исхрана се крие во пирамидата на исхрана, каде сликовито е објаснето што подразбира правилната исхрана. Во неа се претставени видовите храна чие консумирање е пожелно, потребната количината, периодот кога и на кој начин.

Пирамидата за исхрана е позната и како нутриционистичка пирамида, бидејќи со нејзината структура и градација се сложуваат нутриционистите ширум светот, кои плановите за исхрана за пациентите ги прават врз основа на пирамидата за исхрана, во комбинација со индивидуалните карактеристики на секој поединец.

Пирамидата за правилна исхрана се состои од 4 основни групи храна: јаглехидрати и житарки, зеленчук и овошје, протеини и како четврта група масти. На дното на пирамидата, во најширокиот дел е храната којашто е најважниот дел од пирамидата и вклучува ориз, компири, интегрален леб и тестенини.

Сите овие намирници се важен извор на јаглехидрати, но треба да се напомене дека се работи за сложени јаглехидрати кои побавно се разградуваат на едноставни шеќери, поради што останувате сити подолго. Станува збор за многу важен извор на енергија за човечкото тело, со многу мала содржина масти и голема количина витамини, минерали, влакна и ароматични растителни состојки.

Како втор најголем дел од исхраната е овошјето и зеленчукот. Нивната примарна улога е да го снабдат телото со сите потребни витамини и минерали, поради што тие треба да сочинуваат голем дел од исхраната.

Препорачливо е да се консумираат до 3 порции свежо овошје дневно, самостојно или во комбинација, на пример со јогурт, така што внесот на витамини и минерали е и повкусен и позабавен. Важно е да се јаде свежо, сезонско овошје и зеленчук, како и јаткасти плодови, како бадеми, ореви и лешници.

Месото, рибата, јајцата и сирењето се полни со протеини, а се важни бидејќи обезбедуваат градење и обновување на клетките во телото. Овие намирници се богати со калциум, витамин Д и витамини од групата Б. Протеини се внесуваат и од растително потекло, а она што се нагласува во однос на исхраната и корисноста за организмот се млечните производи.

Јогуртот и млекото се исклучително богати со калциум, што е главната придобивка за здравјето на коските и забите.

Докажано е дека клинички тестираниот функционален јогурт Баланс+ со пробиотикот што го содржи подобрува многу процеси во организмот, поради што се препорачува да се консумираат по 500 г од овој јогурт дневно. Тоа не може да се каже и за месото, се препорачува не повеќе од 600 грама неделно, додека рибата треба да се јаде само два пати неделно.

На самиот врв на пирамидата, во најтесниот дел, има храна со многу маснотии. Иако треба да се избегнува прекумерно внесување масти, сепак одредена количина масти е неопходна за човек да функционира нормално, особено кога станува збор за некои функции на срцето и мозокот. Важното е да се изберат здрави, наместо нездрави заситени масти.