Колкаво е значењето на протеините за здрав организам и каде сѐ може да ги најдеме во секојдневната исхрана
10/04/2020

Протеините или белковини, се основни елементи во форма на молекули, и се неопходни за клетките на организмот. Како сложени молекули играат клучна улога во организмот и без нив телото не би можело да функционира. Главните функции на  протеините во телото започнуваат од влијанието врз растот и развојот на ткивата и клетките, а со тоа и на целиот организам. Ензимите се исто така протеини кои се одговорни за правилно функционирање на многу биохемиски процеси во организмот, како варењето или циркулацијата. Протеините се одговорни и за структурата, јачината и еластичноста на многу делови од телото, ја одржуваат рамнотежата на PH вредноста во телото и се одличен извор на енергија. Протеините се борат против разни несакани микроорганизми и со тоа да имаат корисен ефект и врз имунитетот.

Во последните години најпопуларната здрава исхрана е онаа базирана на што е можно повеќе протеини затоа што внесувањето протеини влијае позитивно на здравјето. Заради нивната важност за организмот во градењето на мускулите, ‘рскавицата, кожата, косата и ноктите, и како составен дел од крвта, што е најважната функција, протеините се во центарот на препораките за правилна исхрана. Припаѓаат на групата макронутриенти, што значи дека на организмот им е потребен редовен и релативно висок внес. За разлика од мастите и јаглехидратите, организмот не чува резерви од протеини, што може да ги користи доколку му се потребни. Ова е причината зошто нутриционистите секојдневно ја потенцираат важноста од оптималното внесување и балансирана исхрана. Протеините се значајни за коските и нивното здравје, за намалување на крвниот притисок, можат да го забрзаат закрепнувањето на телото по повредата, па дури и да дејствуваат како еден вид третман против стареење на организмот.

Затоа потребно е да се избере храна што ги содржи, како јајцата кои се одличен извор на протеини, посебно белката што е чист протеин, потоа пилешкото месо, што е исто така доста популарен извор на протеини. Бадемите содржат многу корисни хранливи материи, вклучувајќи растителни влакна, витамин Е и магнезиум, но и се одличен извор на протеини. Млечните производи, посебно јогуртот е препорачан извор на протеини. А постојат и уште подобри комбинации на нутритивно корисни состојки како што е Баланс+ пробиотскиот јогурт, каде покрај протеините кои се во својата оптимална доза, 3.3 грама на 100 грама јогурт, содржи и пробиотски култури корисни за дигестивниот тракт. Оптималната дневна доза е 500 грама пробиотски јогурт, и на овој начин, се консумираат 16.5 грама протеини на ден со само две чаши пробиотски јогурт, со што се внесуваат хранливи и корисни протеини, како и пробиотици за одржување здрав дигестивен тракт, што е и докажано со клиничка студија. Студијата, исто така, покажува дека Баланс+ има позитивен ефект врз различните аспекти на варењето, а со тоа индиректно и врз рамнотежата на целото тело.

Овесната каша, исто така е една од најздравите извори на протеини, половина чаша овесна каша има околу 13 грама протеини. Од зеленчукот во изобилството предводи брокулата, а од рибите туната. Покрај овие намирници, храна за која се смета дека е добар извор на протеини се други видови риби, киноа, семки од тиква, ракчиња, кикирики и многу млечни производи.

Како и кај повеќето хранливи материи, нема едноставен одговор колку протеини дневно треба да се внесуваат. Индивидуалните дневни побарувања за протеини зависат од здравствената слика и состојбата на телото. Приближно, се проценува дека на  просечен возрасен маж му требаат 56 – 91 грама протеини на ден, а за жените дневната рамка се движи од 46 до 75 грама протеини.