Иако исхраната игра клучна улога во слабеењето, но и здравјето воопшто, вежбањето исто така е многу важен дел.
Слабеење – Создавањето калориски дефицит (кој резултира со слабеење) е тешка задача. Обично се препорачува да вежбате еден час на ден, пет дена во неделата, но важно е и кои вежби ќе ги примените. Треба да правите вежби кои ќе ви го забрзаат ритамот на срцето, но и вежби за сила кои ќе го поттикнат растот на мускулите.
Одржување килажа – Ако сте ја постигнале целта и сте ослабеле колку што сакате, тоа не значи дека треба да престанете со вежбање. Зголемете го внесот на калории, но не ја смалувајте физичката активност и продолжете со досегашниот режим (еден час дневно, пет дена во неделата).
Да бидете здрави – Редовната физичка активност е важен фактор за здравјето, а докажано е дека го смалува ризикот од рак и други болести. Се препорачува да вежбате барем 40-50 минути на ден, пет дена во неделата.