Контролирајте го здравјето со умот
29/06/2016

Координирајте го телото со умот

Вашата моќ за фантазирање може да ви помогне да ги контролирате нагоните за храна, да се мотивирате за работа, па дури и да си го подобрите видот, тврдат многубројни истражувања. „Ако замислите некое искуство, вашиот мозок се стимулира на ист начин како навистина да го доживувате тоа искуство“, се наведува во истражувањата.

Одземете си го вниманието

Во едно истражување, субјектите можеле да ја намалат желбата за храна со тоа што замислувале виножито или мирис на еукалиптус.

Замислете како вежбате

Одвојте неколку минути за да замислите како ќе изгледа вашата денешна сесија (замислете го и забрзаното чукање на срцето), и шансите да станете од кревет ќе бидат многу поголеми.

Стојте како рок ѕвезда

Истражувачите откриле дека самоуверениот став стимулира хормонален одговор кој ќе ве направи посигурни во себе за само неколку минути.