Сакате да изгубите некој вишок килограм, ама не сте подготвени да ги менувате животните навики?
Голем број на експерти во областа на здравството и нутриционизмот велат дека тајната на успехот при слабеење е во малите работи.
Сечете ја храната на помали делчиња – на тој начин го „лажеме“ мозокот дека на чинијата има повеќе храна, и со тоа јадеме помалку.
Заменете ги рацете – користењето на доминантната рака во секојдневните обврски е нешто што го правиме несвесно. Ако почнете да јадете со недоминантната рака, ќе го „изгасите автопилотот“ и ќе обрнете повеќе внимание на она што го правите, и она што го јадете.
Расчистете го хаосот во кујната – кујната треба да ви биде што поедноставна, а најубаво е да ја уредите во минималистички стил. Пренатрупаноста во кујната поттикнува создавање на негативни навики, меѓу кои и прејадување.