n Малку трчање, многу бенефити - Balansplus.mk
Малку трчање, многу бенефити
29/06/2016

Ако не можете да замислите да трчате подолго од 10 минути на ден, добра вест: толку и ви треба за да си го сочувате здравјето.

Трчањето по 10 минути на ден, 5 дена во неделата е сосема доволно за да ги добиете сите бенефити од трчањето.

Истражувачи од Mayo Clinic откриле дека трчањето 10 километри неделно (50 минути) го штити телото од излив на мозокот, артритис, дијабетес, висок холестерол, висок крвен притисок, па дури и од некои видови рак.

Ако не поднесувате трчање, тогаш и одењето е добра алтернатива – со редовно пешачење ги намалувате шансите за дебелина, срцеви болести и дијабетес.

Во секој случај, и трчањето и пешачењето се подобра опција од неактивниот начин на живот, а се активности што се бесплатни и лесно изводливи.

Се што ви треба е пар удобни патики и добра плејлиста.

Коментари