Машките бради се антибиотик
29/06/2016

Некои од бактериите кои растат во машките бради имаат антибиотски својства, што е посебно важно откритие во ера на антибиотска апокалипса.

Распространетата употреба на антибиотици за секакви болести предизвикала мутации во одредени видови бактерии, претворајќи ги во т.н. супербактерии.

Како резултат, болестите што некогаш беа излечиви со антибиотици (воспаление на бели дробови, инфекции на бубрег и слично) денес повторно се смртоносни.

Меѓутоа, неодамнешни лабораториски тестови во Британија покажале дека некои од бактериите во машките бради произведуваат супстанци со антибиотски својства.

„Од 20 машки бради успеавме да изолираме најмалку стотина различни бактерии, а 25% од нив покажаа антибиотски активности против нашите индикатори“, изјавил Адам Робертс од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Истражувањето било поттикнато од медиумската фама што се крена околу тврдењето дека машката брада содржи повеќе бактерии отколку вц шолја, по што се крена дебата за влијанието на брадите врз здравјето на мажите.

Коментари