n Надитрете ја настинката и грипот - Balansplus.mk
Надитрете ја настинката и грипот
16/11/2016

Во храната е спасот

За ојачување на имунитетот многу е важен видот и квалитетот на намирниците што ги јадеме. Во периоди на настинки и грипови се препорачува внес на храна богата со антиоксиданти како свежо овошје и зеленчук.

Антивоспалителни својства имаат намирници како темно-зелен зеленчук, бобинки, лосос, домат, а пожелни се и намирници богати со витамин Ц како калинки, лимони, портокали, мандарини, магдонос, пиперки, зелка, праз и слично.

Истражувањата покажале дека цинкот, кој го има во семки од тиква, спанаќ, остриги, јаткасти и мешункасти плодови, може да го скрати траењето на настинката дури за неколку дена.

Пробиотици – стражари на организмот

Микробите кои живеат во нашиот дигестивен систем ни помагаат да ја свариме храната, но и учествуваат во регулирањето на нашиот метаболизам, чувството на глад и телесната тежина, а имаат и влијание врз имунитетот.

Силниот имунитет е резултат на здрав дигестивен тракт, а во неговата беспрекорна работа помагаат пробиотиците кои содржат добри бактерии кои ефикасно ги ублажуваат воспаленијата и спречуваат инфекции.

Вежбајте, спијте и проветрувајте

За ојачување на имунитетот важна е грижата за телото и редовно вежбање. Но никако не го жртвувајте спиењето бидејќи квалитетното спиење е клучно во борбата против настинки и грип. Во период на вируси, задолжително проветрувајте ги просториите каде што спиете.

Коментари