Напиток за здрави бели дробови
09/02/2017

Секој што е пушач ги знае непријатностите предизвикани од оваа лоша навика. Освен тоа што се препорачува да ги оставите цигарите, пожелно е и да го пиете следниов напиток за да го вратите здравјето во белите дробови.

Потребно ви е парче ѓумбир со големина на палец, 400 грама кромид, чешне лук, 1 литар вода, 400 грама шеќер и 2 лажички куркума.

Ставете го шеќерот во вода и загрејте го на тивок оган. Додадете го кромидот исечкан на големи парчиња, како и ѓумбирот.

Кога водата ќе зоврие, додадете ја куркумата, намалете го оганот и оставете ја смесата да се крчка.

Кога волуменот на смесата ќе се преполови, исцедете ја течноста и ставете ја во стаклен сад.

Нека се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.

Земајте по две мали лажички секое утро на празен желудник и два часа по вечерата.

Состојки:

  • 1 парче ѓумбир со големина на палец
  • 400 грама кромид
  • Чешне лук
  • 1 литар вода
  • 400 грама шеќер
  • 2 лажички куркума
Коментари