Ново од Бимилк – благ и кремаст Баланс+ кефир, ист како домашен
28/03/2022

Баланс+ кефир е новиот млечен производ од Бимилк, со истакнати придобивки по здравјето и квалитет како дома подготвен. Направен по традиционален рецепт, Баланс+ кефирот содржи пет млечни култури и кефирни култури, а има благ вкус и богато кремаста структура, што го прави освен корисен уште и пријатен за консумирање.

Како проширување на портфолиото функционални млечни производи богати со пробиотици, Баланс+ кефирот е дополнување на пазарот со производ што е корисен за секого, а лесно достапен.

„Кефирот е одамна познат пијалак со докажано благотворно дејство врз организмот и се почесто е дел од секојдневните хранливи навики дури и кај младите генерации. Баланс+ кефирот ги содржи сите корисни дејства што ги има и дома подготвениот кефир, има богат и кремаст вкус и е посебно пријатен за консумирање. Создавањето на Баланс+ кефирот е во насока на овозможување поголема и полесна достапност за секого на овој ферментиран млечен производ со бројни здравствени придобивки“, велат од Бимилк.

Кефирот претставува еден од најздравите млечни производи и е одличен извор на повеќе хранливи материи, висок процент пробиотици, лесно сварливи протеини, минерали и витамини од групата Б како и кефирните култури.

Од корисното влијание врз здравјето најчесто се поврзува со зајакнување на имунитетот, со работата на дигестивниот систем, антиинфламаторно дејство, зајакнување на коските и зголемување на нивната густина, регулирање на притисокот и намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта.

Баланс+ кефирот содржи 2,8 млечна маст, а е достапен во пакување од 950 и 500 грама.

Состојки: