Сакате да вежбате јога ама не ги разликувате позите? Нов пар на „паметни“ јога хеланки ќе ги кажат дали правилно ги изведувате позите.
Nadi Smart Fitness Pants вибрираат ако погрешно ја изведувате позата, но вибрираат и кога ќе ја погодите – со различен интензитет на вибрирање, создавајќи „ом“ звук.
Хеланките, идеја на Wearable Experiments од Сиднеј, Австралија, станаа многу популарни откако биле презентирани годинава, иако се уште не се достапни за продажба.
Се уште нема информации како ќе можат да се купат и колку ќе чинат.
Хеланките се обложени со електронски сензори на неколку точки долж нозете, преку кои ги следат движењата на телото и ве упатуваат на правилната поза.
Има и опција за исклучување на вибрациите, за оние што сакаат да ги носат по дома без да вежбаат.
Еден пар трае до 25 перења, а доаѓаат во пакет со полнач.