Пет лесни начини да се справите со изгорениците од сонце ова лето
13/06/2017

Понекогаш на летните одмори избежното станува неизбежно и неколкуте минути стануваат неколку часови изложеност на сончевите зраци што доведуваат до изгореници на кожата.

Откако ќе поминеме неколку часа изложени на сонце и УВ зраците, телото ќе започне да произведува меланин, темен пигмент во горниот слој на кожата кој одредува која боја на тенот ќе ја добиеме.

Неколку едноставни начини како да се справите со изгорениците се:

1. Пире од компири

– Доколку се најдете во ситуација да имате црвена кожа, елиминирајте ја со неколку  компири. Компирите се познати како олеснувач на болка низ годините помагајќи одлично со ситни кожни иритации, гребнатинки, каснувања и изгореници.

  1. Ладно млеко

– Ладното млеко е еден од наједноставниот, најбрзиот и најевтиниот начин да се справите со изгорениците.  Се што треба да направите е да појдете до фрижидерот и да го нанесете ладното млеко на вцрвенетата кожа.

  1. Пијте течности

–  Изгорениците од сонце сепак претставуваат изгореници и затоа потребно е постојано да внесуваме доволна количина на течности се со цел да не допуштиме нашето тело да дехидрира.

  1. Нанесете јогурт

– Јогуртот изобилува со пробиотици и ензими кои помагаат за лекувањето на кожата посебно кога таа е вцрвенета или изгорена. Придобивките се одлични!

  1. Останете под сенка

– Можеби најочигледното и наједноставното решение да се заштите од изгореници е да не се изложувате на сончевите зраци. Внимавајте кога сакате да го постигнете тенот од соништата и нанесувајте крема за зашита од сонце и потемнете ја вашата кожа на многу побезбеден начин ова лето.