n Пет намирници за здраво срце - Balansplus.mk
Пет намирници за здраво срце
17/03/2017

Здравата исхрана и вежбањето се важни доколку сакате да имате долг живот и здраво срце. Експертите предлагаат седум намирници кои треба да ги јадете за да го сочувате здравјето на срцето и имунитетот.

Интегрални житарки – ако го замените белиот леб со леб што содржи интегрални житарки, ќе го смалите ризикот од коронарни болести и срцев удар. Обичното брашно не е здраво колку интегралните житарки.

Јаткасти плодови – можеби имаат голема количина на масти, но незаситените масти го подобруваат здравјето на срцето. Истражувања покажале дека дневното консумирање на една порција јаткасти плодови ги намалува шансите за срцеви заболувања.

Чоколадо – истражувањата покажале дека луѓето кои редовно јадат два реда чоколадо со 70% какао имаат подобрена циркулација. Полифенолот кој се наоѓа во темното чоколадо ослободува азотни оксиди кои ја зголемуваат артериската дилатација (ги шират артериите), го подобруваат протокот на крв и ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите.

Авокадо– богато е со витаминот B5, кој е важен за адреналинот. Неговата кремаста текстура, како и заситените киселини и протеини што ги содржи го намалуваат прекумерниот апетит.

Семки од тиква – семките содржат магнезиум кој ослободува од стрес и добар е за срцето. Содржат и многу протеини и здрави масти кои помагаат во создавање на чувство на ситост и губење на килограмите.

Коментари