Пилешка супа со пченка
			 		 			13/06/2018
 			Состојки:

- 120 гр. сварени пилешки гради
 - 1 белка од јајце
 - 3 пилешки коцки за супа сварени во 1,5 л. вода
 - 200 гр. изблендирана сварена пченка со малку путер
 - 2 лажички сол малку бибер (на врв од лажичка)
 - 1/2 лажичка сусамово или маслиново масло
 - 1 лажица пченкарно брашно, 2 изматени белки од јајца
 


30
мин.
мин.
лесно
Припрема:
1. Ситно исечкајте ги пилешките гради и измешајте ги една белка и 1/2 шолја вода. Оставете на страна. 2. Во зовриената пилешка супа додадете ги изблендираната пченка, солта, биберот и сусамовото масло. 3. Додадете ја мешавината од првиот чекор. 4. Измешајте го пченкарното брашно со 50 мл. вода и постепено додавајте го во супата. 5. Со постојано мешање постепено додадете ги двете изматени белки.
					
				   
				    
				    
 
 
 








