Подобрување на метаболизмот со правилна исхрана
28/10/2021

Проблемите произлезени од метаболизмот се исклучително чести и затоа се почесто е прашањето како да се регулира. Кога се зборува за метаболизмот, се мисли на брзината и начинот на кој храната внесена во телото се претвора во енергија.

Поради постоењето на два вида метаболички процеси, енергијата во телото се однесува на два начина – едниот вклучува употреба на енергија за изградба на нови клетки и ткива, а другиот доведува до складирање на енергија во форма на маснотии во телото.

Забрзувањето на метаболизмот е главното прашање кога станува збор за овој процес. Проблемите со метаболизмот често значат проблеми со килограмите, но, исто така се поврзани и со расположението, енергичноста и виталноста на телото.

Имено, работата на метаболизмот во голема мера е последица на однесувањето, навиките и храната што се внесува. Правилен или доволно брз метаболизам значи доволно енергија во текот на денот, добра концентрација и фокус и потребата од повеќе оброци во текот на денот.

Но доколку метаболичките процеси не се одвиваат според потребите на организмот, што може да доведе и до извесни здравствени последици, метаболизмот може да се забрза и коригира.

Правилна и редовна исхрана, физичка активност и внесување храна што му одговара на телото се начините за метаболизмот да се нормализира и дури забрза. Позитивно влијание на овој процес има Баланс+ јогуртот, така што со редовното консумирање метаболизмот може значително да се подобри и да функционира нормално.

Пробиотскиот јогурт Баланс+ е ферментиран млечен производ чии позитивни ефекти врз регулирањето на варењето и забрзувањето на метаболизмот се потврдени во клиничката студија која укажува дека со консумирање по 500 грама дневно во текот на 10 дена, се постигнува целосниот ефект од неговите својства.

Придобивките од Баланс + јогуртот се огледуваат во неговите нутритивни ефекти и пробиотските култури кои позитивно влијаат на воспоставувањето на целокупната рамнотежа во организмот.

Пробиотиците во јогуртот позитивно влијаат на намалување на телесните масти, а значителен дел од протеините и влакната создаваат чувство на ситост а присуството на добрите бактерии во организмот, поттикнати од јогуртот ја намалуваат анксиозноста и стресот, а тие се и одлична основа за зголемена апсорпција на витамини и минерали.