Препознајте ги скриените знаци на стрес
29/06/2016

Хроничната напнатост е лоша и го зголемува нивото на хормони што може да биде причина за појава на различни болести.

Според експертите, стресот е водечки фактор за ризик од различни болести, вклучувајќи болести на срцето и кардиоваскуларниот систем, дијабетес тип 2 и депресија. Некои личности се навикнуваат на оваа промена што веќе не се ни свесни дека се под стрес.

За овие личности да ја вратат насмевката на лицето, потребно е многу енергија и волја, а понекогаш и стручна помош. За почеток, треба да се препознаат необичните знаци на хроничниот стрес.

Ако приметите некој од знаците, задолжително побарајте лекарски совет. Најчесто на стрес укажуваат симптоми како зголемено потење, нагли промени на расположението и проблеми со спиењето.

Кога проблемот станува хроничен, се појавува и постојана напнатост, премореност, немир, безволност, чудно однесување, чувство на беспомошност, па дури и депресија.

Ова се некои од знаците на хроничен стрес:

Чудни соништа;
Желба за благо;
Менструални грчеви;
Болки во стомакот;
Главоболка;
Испукани усни;
Болка во вилицата;
Крварење на непцата;
Дамки на ноктите.