Пробиотиците најчесто се наоѓаат во дигестивниот систем и се грижат за неговото оптимално функционирање.
Така, пробиотиците индиректно позитивно влијаат на целокупното здравје и состојбата на организмот.
Недостатокот добри бактерии, кои му се потребни на дигестивниот систем за правилно функционирање, може да предизвика нарушувања во оваа функција на организмот, а со тоа негативно да влијае и врз здравјето на целиот организам.
Некои од добрите бактерии потребни за нашиот дигестивен систем, а со тоа и за целото тело, истовремено се и најдобри пробиотици и пребиотици, бифидобактериум, лактобацилус ацидофилус и пребиотик олигофруктоза.
Бифидобактериум е пробиотик кој природно е присутен во цревата и помага при варење на храната, односно претворање на внесените хранливи материи во енергија. На тој начин оваа бактерија помага да се одржи телото здраво и да работи правилно.
Според некои истражувања, бифидобактериум има превентивно влијание врз многу болести, вклучувајќи дијабетес, дебелина, алергиска астма и дерматитис. Ова се само некои од болестите кои се почести кај луѓето со дефицит на бифидобактериум.
Лактобацилус ацидофилус е пробиотик што може да се најде во ферментираната храна, а често го содржи и пробиотскиот јогурт. Овој пробиотик е добар за дигестивниот тракт и е токму затоа оваа бактерија често се консумира како пробиотик.
Покрај тоа што помага при варењето, се смета уште дека го намалува холестеролот и превентивно делува на симптомите на настинка и грип. Она што е сигурно е дека е одличен пробитик за здравјето на цревата и одржување на цревната флора во рамнотежа.
Олигофруктоза е пребиотик од растителни влакна. Служи како храна за добрите бактерии и на тој начин ја одржува рамнотежата на цревната флора. Така, пребиотиците хранејќи ги, ги чуваат добрите бактерии во цревата и дејствуваат симбиотички со пробиотиците, забрзувајќи го нивното дејство.
Оваа комбинација од две пробиотски култури, Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12 и пребиотикот олигофруктоза, како комплекс Бифидо Дигестио се застапени во Баланс+ јогуртот. Затоа овој јогурт има корисен ефект врз варењето и здравјето на целиот организам, што е докажано и преку клинички испитувања.
Бидејќи е важно пробиотиците да се земаат во препорачаната доза, за да се почувствуваат сите овие придобивки оптималната дневна доза е барем 10 дена да се консумираат по 500 мл од јогуртот Баланс+.