Разликата во согорени калории помеѓу статичен и регуларен велосипед
30/04/2017

Ако сте решени да пронајдете вежби кои ќе ви помогнат да согорите што повеќе калории не барајте подалеку од тренингот со велосипед.

Статичен велосипед

Човек со просечна тежина од 70кг ќе согори 260 калории за 30 минутно вежбање со умерено темпо и  околу 391 калории за 30 минути на повеќе енергично темпо. Лицето со просечни 85кг  ќе согори 311 и 466 калории  во текот на две 30-минутни вежбања.

Регуларен велосипед

Бројот на калории што ќе ги согорите возејќи велосипед зависи од брзината со која се движите.

Просечен човек со просечна тежина од 70кг кој патува со просечна брзина од 25 километри на час за 30 минути ќе согори 372 калории. Истата личност ќе согори 446 калории доколку ја одржува брзината помеѓу 28 и 30 километри на час за време од 30 минути. Лице кое тежи 85кг ќе согори 444 и 533 калории во текот на две 30 минутни вежбања.

Предноста на статичниот велосипед

Предностите од возењето на статичен велосипед вклучуваат гледање телевизија или слушање на вашата омилена музика во вашиот удобен дом или теретана додека не водите грижа за лошите временски услови и можноста да го следите напредокот на вашиот тренинг на софистицираните машини.

Предноста на регуларниот велосипед

Покрај тоа што надворешната средина може позитивно да влијае на расположението на велосипедистот, големиот број на препреки можат да ја намалат количината на согорени калории како што се автомобилите, пешаците, сообраќајните знаци, густо населените предели.