Доколку имате кашлица, кивавица или пак носот и очите ве чешаат во определени периоди од годината, многу веројатно е дека имате сезонска алергија. Тревата, поленот и мувлата се најчести предизвикувачи на сезонски алергии.
Многу пролетни алергии почнуваат во февруари и обично траат до почетокот на летото. Благи зимски температури може да предизвика растенијата да опрашуваат многу порано. Дождлива пролет исто така може да го забрза растењето на растенијата кое може да доведе до зголемување на мувлата, предизвикувајќи симптомите да траат до есента.
Иако времето и сериозноста на алергиската сезона може да се разликува низ целата земја, следните климатски фактори, исто така, може да влијаат на тоа колку лоши симптомите може да бидат:
– Дрвја, трева и полен виреат за време на ладни ноќи и топли денови.
– Мувлата расте брзо во топли предели со многу влажност
– Нивоата на полен се најголеми во утринските часови
– Дождот го намалува нивото на полен, но поленот може да се интезивира после врнежи од дожд
– Кога има денови без ветер, воздушните алергени не се активирани
– Кога денот е ветровит и топол, поленот се шири лесно
– Преселбата во друга клима за да се избегнат алергиите обично не е успешна затоа што алергените се буквално насекаде.
Најчетиот виновник за есенските алергии е амброзијата, диво растение кое расте скоро секаде. Амброзијата цути и испушта полен од август до ноември. Во многу делови од земјата, поленот од амброзијата достигнува највисоко ниво во средината на септември.
Други растенија кои предизвикуваат есенски алергии се:
– Пелин
– Див пелин
– Ветроган
Третман и управување со сезонските алергии
Дознајте ги навремено вашите предизвикувачи на алергии. Можеби сте убедени дека поленот е главниот предизвикувач, но други супстанци може да бидат вклучени. Повеќе од две третини од пролетните алергии всушност имаат годишни симптоми. Алерголог може да ви помогне да го пронајдете изворот и да го сопрете.
Стратегии кои можете да ги примените заедно со вашиот алерголог:
- Следете го нивото на полен и мувла во временски периоди
- Затворете ги вратите и прозорците дома и во вашиот автомобил за време на сезоната на алергии.
- За да го избегнете поленот, внимавајте во кој дел од денот е најголема концентрацијата на полен. Во пролет и лето нивоата на полен се најголеми во вечерните часови. На крајот на летото и почетокот на есента нивоата на полен се најголеми во утринските часови.
- Почесто туширајте се и менувајте ги вашите алишта.
Вашиот алерголог исто така може да предложи еден или повеќе лекови за контрола на симптомите. Некои од најпознатите лекови се достапни без лекарски рецепт.
Ако поседувате историја на сезонски проблеми, алерголозите препорачуваат започнување на терапија со лекови за олеснување на симптомите две недели пред алергиската сезона.
Еден од најефективните начини за лекување на сезонските алергии поврзани со поленот е имунотерапија (алергиски инјекции).
Поврзани сезонски предизвикувачи
Иако терминот сезонски алергии генерално се однесува на трева, полен и мувла, има различни групи на предизвикувачи на алергии кои се тесно поврзани со одредени сезони. Меѓу нив се наоѓаат:
– Чад (камперски огнови преку летото, камини во зимата)
– Убод од инсекти (обично во пролет и лето)
– Хлорот во отворени и затворени базени
– Борови и други видови на дрва