Што треба да се јаде пред и после вежбање
30/04/2017

Пред:

  • Пченичен тост со банана и цимет

Јаглехидратите се неопходни за енергијата во телото и затоа треба да се консумираат пред вежбање.

  • Јогурт/Овошен јогурт

Ако се спремате за трчање, треба да консумирате нешто лесно за желудникот, но истовремено нешто што ќе ви даде енергија. Јогурт со мусли и сушено овошје со природен шеќер е совршен избор.

  • Смути

Брзо и лесно, а доволно енергично за да го издржите тренингот. Смутито може да содржи јогурт, овошје, мед и сите јаткасти плодови.

  • Овесна каша со овошје

Овој оброк ви помага во текот на тренингот со постепено ослободување на шеќер во крвта. Овошјето помага да се зголеми содржината на течност во телото и ве држи хидрирани.

После:

  • Печено пилешко и микс од зеленчук

После вежбањето телото треба да се соземе, а во тоа одлично ќе му помогне квалитетна порција хранливи материи. Една порција пилешко месо и зеленчук ќе ве засити без да се чувствувате подуени.

  • Омлет и зеленчук

Оброк богат со витамини А, Де, Е и К (силни антиоксиданси кои дополнително го регенерираат телото).

  • Лосос и сладок компир

Покрај вообичаените протеини, лососот има и биоактивни пептиди, мали протеински молекули кои играат улога во намалување на воспалението на мускулите, помагајќи да се регулира нивото на инсулин. Слатките компири помагаат да се врати нивото на гликоген, кој е исцрпен после тренингот.

  • Сендвич со пченичен леб, туна и спанаќ

Туната има ниско ниво на калории, но е богата со протеини и јаглехидрати, а спанаќот го намалува крвниот притисок и воспалението и е главен извор на енергија.