Функционална храна е онаа чиј состав има изразени здравствени придобивки, или пак производи чиј состав е збогатен со состојки кои се корисни за здравјето. Оваа храна покрај основната нутритивна вредност што ја има, здравствените придобивки ги обезбедува преку збогатениот состав, најчесто со витамини, минерали или пробиотици.
Според својот основен состав и хранлива вредност, нема сомнение дека млечните производи се функционални храни. Но кога составот на млечните производи е збогатен, се дефинираат како храна која може да обезбеди здравствена корист, покрај традиционалните нутриенти кои ги содржи. На пример, јогуртот Баланс+ е функционален затоа што покрај хранливите содржи и состојки кои помагаат одредени, специфични функции во организмот. Тоа му дава дополнителна вредност. Така, освен што содржи калциум, е и одличен извор на протеини и витамин Б12, а во својот состав има и пробиотици кои имаат корисен ефект врз дигестивниот тракт, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Затоа Баланс+ јогуртот со својот функционален состав го намалува стресот и го подобрува расположението (што е клинички докажано), и истовремено помага дигестивниот систем да функционира што е можно подобро. Ги содржи сите важни состојки за активен метаболизам и добро варење на храната. По само 10 дена секојдневна употреба, ги намалува стомачните и дигестивните тегоби и делотворно влијае на цревната флора.
Освен функционалноста на Баланс+, калциумот од јогуртот е корисен за забите и коските, регулира некои мускулни функции, како што се контракции и релаксација, а исто така игра значајна улога во правилното функционирање на срцевиот мускул и згрутчување на крвта. Со ваквите придобивки, калциумот денес се смета за незаобиколен дел од здравиот начин на исхрана, а една чаша јогурт го снабдува организмот со 450mg калциум.