n Утрински навики што треба да ги избегнувате - Balansplus.mk
Утрински навики што треба да ги избегнувате
16/05/2016

Одложување на аларми

Утринското одложување на аларми често е знак на недоволен сон, но може и да биде знак за таканаречениот „социјален jet lag“ – состојба во која во текот на викендот збеснувате и не спиете цела ноќ, па тоа неспиење ви влијае во текот на работната недела. Кога го одложувате алармот, го нарушувате циклусот на спиење и уште повеќе ви се спие.

Проверување на телефонот пред спиење/веднаш после станување

Неколку истражувања имаат потврдено дека луѓето кои почесто си го проверуваат мејлот во текот на денот, доживуваат поголем стрес за разлика од оние што го проверуваат најмногу трипати на ден.

Одложување на вежбање

Експертите се сложни во мислењето дека вежбањето во кое било време од денот е подобро отколку избегнување на активност. Утринските вежби имаат многу позитивно влијание врз телото – го снижуваат крвниот притисок и ви овозможуваат мирен сон навечер.

Врел туш

Утринското туширање со врела вода, посебно во ладните месеци, можеби ви се чини како одлична награда за тоа што сте станале од кревет. Сепак, дерматолозите советуваат да внимавате – туширањето со премногу жешка може да предизвикаат проблеми со сува и иритирана кожа, чешање и непотребно црвенило.

Прескокнување на појадокот

Иако со години се вели дека прескокнувањето на појадокот е многу лоша навика, многумина упорно го избегнуваат. Ова доведува до недостиг на енергија во текот на денот и зголемување на апетитот.

Коментари