Вдишете длабоко и разбудете го мозокот
14/12/2016

Сите се имаме најдено во стресна ситуација и некој ни кажал да се смириме и да вдишеме длабоко. Иако звучи како иритантен совет, научниците велат дека е ефикасен.

Длабокото дишење прави чуда за нашето тело и психа, вели истражување од универзитетот Нортвестерн.

Едно длабоко земање воздух преку нос може да ја засили поврзаноста меѓу различни делови од мозокот и да ни го разбистри памтењето.

Вдишувањето и издишувањето преку уста немале таков ефект.

Научниците тоа го објаснуваат со еволуцијата – навикнати сме да дишеме побрзо кога сме во стресни ситуации.

Кога сте во паника, дишењето ви се забрзува и мозокот препознава дека сте во опасност и затоа побргу реагира на стимулансите од околината.