Сигурно знаете дека ако сакате да ослабете, внимателното одбирање на оброците значи многу повеќе од времето поминато во теретана. Запомнете: правилната исхрана е основа на секоја добра промена во организмот.
Ново истражување спроведено на Харвард вели дека за да ослабете, треба да го намалите внесот на јаглехидрати, а не на мастите како што претходно се веруваше.
Истражувањето опфатило повеќе од 68 илјади пациенти кои го намалиле внесот на јаглехидрати и изгубиле околу три килограми повеќе од оние кои јаделе безмасна храна.
Уште едно истражување пак вели дека луѓето кои консумираат помалку од 40 грама јаглехидрати на ден губат околу 4 килограми повеќе од оние кои од својата исхрана ги исфрлаат мастите.
Иако со години се водат дебати за тоа која храна е најздрава, и која диета најуспешна, најновите истражувања велат да се вратиме на исхраната на нашите предци, односно да јадеме свеж зеленчук, јајца, чисто месо (необработено), без шеќери и со добри масти како што е путерот (никако маргарин), маслиново и кокосово масло.